(Видео) КАМЕНОС ПОТВРДИ: „Независни Грци“се повлекуваат од Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради непремостливост на разликите околу националното прашање за Македонија,лидерот на коалицискиот партнер во Владата на Алексис Ципрас , Панос Каменос од Независни Грци (АНЕЛ) , ја напушти коалицијата.


“Се сретнав со премиерот, имавме долга дискусија, имаше соработка во траење од четири години во владата на национално единство ,две партии од различни области се собраа и успеаја да ја одвлечат Грција од меморандумите и целта беше постигната “, рече на прес конференција Каменос.

“Прашањето за Македонија, е прашање за кое илјадници беа убиeни, и тоа не дозволува јас да не го жpтвувам местото во Владата. “Му се заблагодарив на премиерот за нашата соработка и му објаснив дека поради националното прашање оваа соработка не може да продолжи. АНЕЛ се повлекува од Владата”, изјави денеска Каменос.

Напуштањето на Каменос на Владата ја потврди пред малку и премиерот Алексис Ципрас

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This