(Видео) Камионџија ја пocведочил речиси целата тpaгедија : Викаше „сине, сине“ го спpeчив да не влезе во oгнoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За случувањата кобната вечер за НОВА БГ раскажа првиот човек кој бил на лице место и им помогнал на преживеаните по несреќата на автопатот Струма. Мажот бил веднаш до запалениот автобус пред да пристигнат полицијата и пожарникарите.

„Камионот ми беше на стотина метри од запалениот автобус. Кога се симнав, слушнав врисоци. Преживеаните врескаа и плачеа. Лицата им беа облеани во крв, црни“, се сеќава сведокот.

„Двете девојки беа на околу 20 години. Едната потешко повредена. Едно од момчињата ја носеше девојката во раце, но ја испуштил бидејќи и тој имаше повреда на ногата и куцаше. Го преместив до крајот на автопатот. Мислам дека и беа скршени нозете. Еден од мажите викаше „Сине, сине“ – очигледно неговиот син бил во автобусот. Тој дури почна да влегува, но јас го спречив. Единственото нешто што можеше да се слушне од автобусот беше како стаклата се кршат од самата температура и како гореше “, додаде човекот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This