(ВИДЕО) КИНА ИЗГРАДИ МОСТ ПОВИСОК ОД АЈФЕЛОВАТА КУЛА: Вредноста на мостот изнесува 214 милиони долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мостот „Пингтанг“ ќе биде долг 2.135 метри и ќе ги поврзе руралните градови на југот од провинцијата Гуижоу. Тоа ќе биде втор најдолг патнички мост во светот.

За да се изгради овој импресивен вијадукт им беа потребни околу 3 и пол години, а целиот проект потроши околу 1,5 милијарди јуани, или нешто повеќе од 214 милиони долари.

Новиот мост ќе има три кули, од кои највисоката се искачува на 332 метри во висина.

За споредба, оваа кула е повисока 26 метри од Лондонскиот облакодер Чарде, а 32 метри од Ајфеловата кула во Париз.

Ова е само еден во низата рекордни проекти на кои работат кинеските експерти.

Минатата година, тие исто така го отворија најголемиот мост во светот 55 метри над морето, поврзувајќи ги Кина, Хонг Конг и Макао.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This