(Видео) Кичеец наместо во затвop учествуваше во сообраќајка во која зaгинa човек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Милевски Кичеец третообвинет во случајот „Рекет“ во изминатиот период требаше затворската казна да ја издржува во струшкиот затвор.

Наместо во затвор, Кичеец пред малку е снимен како учесник во сообраќајна несреќа со смртни последици во близина на Стража.

На видеото се гледа како минува Милевски, а препознатлив е и неговиот џип марка Мерцедес.

Инфомакс дознава неофицијално дека со Кичеец бил извесен Милош, обезбедување на Милевски инаку вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Неофицијално во сообраќајната несреќа живот го загубило најмалку едно лице.

За случајот Рекет на Милески од одредените три му остануваат да одлежи помалку од две години затвор, бидејќи му се смета и времето кое го помина во притвор.

Тој е осуден за делото примање награда за противзаконито влијание за кое уште на првото судско рочиште за „Рекет“ на 3 декември лани призна вина.

Видеото погледнете го тука,

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This