(Видео) КЛАСТЕР СДСМ: Станува ли партијата корона жариште?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

танува ли СДСМ корона жариште? Се загрозува ли здравјето на граѓаните со терање на изборна кампања во време на пандемија? Партиските активности на СДСМ ја ставија цела изборна единица 2 во самоизолација, оти со Лукаревска – која е позитивна на Корона работеле на терен.

Социјалните мрежи по позитивниот резултат на Лукаревска за Ковид 19 вријат, луѓето прашуваат зошто одела на терен ако се тестирала и чекала одговор од здраствените институции.

Лукаревска се брани не била тестирана кога делела маски туку вечерта по завршување на активноста.
Строго ги демантирам дезинформациите кои излегоа во јавност дека тестирањето за коронавирус сум го направила пред вчерашната посета во Куманово.

Досетливите на твитер по кластерот Ифтар, самоизолацијата на огромен број на челнови на СДСМ ја нарекоа кластер СДСМ.
Од денеска во домашна изолација е и портпаролката на социјалдемократите Богданка Кузевска, а и дома ќе седи и советникот на техничкиот премиер Фатмир Битиќи…веста дека ќе бидат изолирани ја споделија на социјалните мрежи.

Поц информациите дека Лукаревска и Зекири се заразени, во самозиоалција се и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, вицепремиерката Мила Царовска, националниот кординатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, техничкиот премиер Оливер Спасовски, дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, Директорот на Службен весник Мартин Костовски, градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски. Во домашен карантин е и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Во последните два дена Министерството за внатрешни работи им издаде решенија за изолација на дури 523 лица, а 114 лица потпишале изјави за самоизолација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This