(Видео) Ковачки: Македонија веќе 2,5 години е без највисок вoeн претставник во седиштето на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, порача дека е скандалозно и голема дискредитација на државата тоа што Македонија веќе две и пол години е без највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел. Како што истакнува Ковачки, причината за тоа е што кандидатот што Шекеринска го предложи и Пендаровски го прифатил, НАТО го одби.

Ковачки инфрормира дека деновиве, поради безбедносни причини, НАТО ни вратил уште едно лице кое било испратено и веќе година дена работело во Брисел.

Шекеринска и Пендаровски испраќаат лица за претставници во НАТО, кои не ги поминуваат нивните филтри. Ова е меѓународен и дипломатски скандал и со него се нанесува штета на угледот на државата. Јавно ги повикуваме министерот Шекеринска и претседателот Пендаровски да кажат дали се испочитувани процедурите за избор и упатување на лица на мисии во странство, и ако не се, зошто не се? Да се произнесат кој и зошто ги прекршил процедурите? НАТО почива на доверба помеѓу сојузниците. Кој ви даде за право да ја рушите со години градената доверба помеѓу Македонија и НАТО? – праша Ковачки.

Тој нагласува дека Шекеринска и Пендаровски мора да понесат одговорност за овој огромен скандал што не компромитира како земја.

Шекеринска, процесот на проверка на кандидатите пред нивно упатување е нормален и потребен. Но, неодговорно e да го извадите името на кандидатот во јавност пред да ги помине сите проверки. Исто така, неодговорно e да го носите тоа лице на средби со министер за одбрана на САД или со генералниот секретар на НАТО. Така правите штета и на лицето и на институциите каде сте го носеле, а пред се и за нас најважно – правите штета на Македонија. Втора работа, далеку понесериозно и неодговорно, е да испратите лице без соодветни проверки на работни задачи во Брисел и после година дена истото да Ви биде вратено поради безбедносни пречки. Трета работа, најзагрижувачка и крајно неодговорна, е што токму кандидатот за највисок воен претставник, внимавајте – бил и претседател на комисијата за избор на лица за упатување во мисии во странство (вклучително и за мисијата на Македонија во НАТО, односно одлучувал за испраќање и на второто лице кое НАТО го врати). Случајно ли е, намерно ли е или станува збор за аматеризам и неспособност?
Господо од власта, можете да си одмолчите или да дефокусирате, но за оваа дискредитација на државата, Одговорност мора да има! Додека вие молчите, за целото времетраење на вашата апсолутна власт и уста полна со НАТО, државата нема свој највисок воен претставник во Алијансата – нагласува Ковачки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This