March 29, 2024, 11:16 am

(Видео) Ковачки: Нeпpoфecиoнaлизмoт и пapтиcкoтo влиjaниe вpз процесот на издавање на бeзбeднocни cepтификати е пpeпознaeн вo НАТО, потребни се итни пpoмeни и oдгoвopнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трет ден како Министерот за одбрана и претседателот на државата молчат и не даваат одговор на поставените прашања во врска со скандалот што и’ го приредија на својата држава, посочува Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со неодговарањето на поставените прашања од нашите прес конференции, Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски ги девалвираат институциите кои ги претставуваат. На сите им е јасно дека проблемот за враќањето на двајцата кандидати за воени, односно одбранбени претставници на Македонија во НАТО е во власта. И двајцата кандидати за претставници во НАТО кои беа вратени од Алијансата, внимавајте – добиле НАТО сертификат од органите на Република Македонија, но истите кога повторно биле проверени од нашите сојузници, не добиле потврда за тоа. Ова ни помалку ни повеќе, значи дека органите, односно институциите што се целосно партизирани од страна на партијата на власт, издаваат НАТО сертификати, кои при повторна проверка од страна на Алијансата се оценуваат како неточни и некредибилни. Значи, станува збор за делегитимирање на целиот процес воден од македонските институции, истакнува тој.

Ковачки обелоденува дека постои огромен сомнеж, а последните два примери се чист доказ, дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не.

-Ќе ве потсетам на примерот кога за само 5 дена му издадоа сертификат за пристап до Државна тајна на новинар близок до ставовите на СДСМ. Од друга страна, лица кои ги исполнуваат условите за добивање на безбедносни сертификати во Република Македонија, се подложни на одбивање, само затоа што се политички неподобни. Значи, процесот на ветинг, односно безбедносна проверка, наместо да биде во функција на државата и спроведуван од институции предводени од професионалци, се користи за партиска пресметка со неистомислениците и неподобните. Од почит кон тие лица, нема да изнесуваме имиња. Очигледно е дека и покрај дебаклот со нејзините номинации, Шекеринска продолжува да ја поисоветува партијата со министерството и да импровизира на полето на безбедноста. Г- ѓо Шекеринска, нашите укажувања се добронамерни. И самите сте свесни дека со вашиот однос кон овие прашања уште еднаш потврдувате дека сте го промашиле ресорот кој Ви е доделен да го водите. Ја изигравте правната држава и за тоа добивте потврда и од алијансата. За ваше добро и добро на татковината Македонија, одважете се и понесете одговорност. Време е за Оставка веднаш, порача тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This