(Видео) КОГА ПЕНДАРОВСКИ ЈА ОБВИНУВАШЕ ГРЦИЈА ЗА ФAШИЗAM: Сега молчи кога Македонија ја прогласуваат за творба на Тито

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во едно од своите интервјуа кои ги даваше Стево Пендаровски како кандидат за претседател во текот на кампањата во 2014 година, обвини дека официјалните грчки позиции со кои се тврди дека макдонската нација и македонскиот јазик се творба на комунизмот и Тито се класични фашиcтичkи позиции и се карактеристика од минатиот век. Останува нејасно зошто сега Стево Пендаровски после потпишувањето на Договорот од Преспа молчи за ваквите и слични ставови.

Еве што изјави во 2014 година.

Новинар: Чисто е фашиcтичkи тоа што го нудат Грците.

–На моменти. Значи гледајте, македонската јавност се разбира не ги знае сите суптилности и сите детали на тоа што се преговарало од 90-тите години до денес, инсајдерите тоа го знаат. Претпоставувам дека и во минатите пет години кога преговарала оваа власт исцело, претпоставувам дека тие имаат слични тези од време на време. Дали е тоа дел од грчката тактика, што е една од класичните преговарачки методи да го исфрли од седло другиот преговарач јас тоа не знам. Но факт е дека некои грчки предлози во изминативе 20 години беа чисто фашиcтичkи. Вие имате неколку изјави на грчкиот претседател, дадени не одамна во кои вели дека македонскиот јазик и нација се измислица на комунистите. Што е тоа демократска изјава? Значи тој човек веројатно живее во некој друг век – рече Пендаровски во текот на кампањата во 2014 година.
Ден денес на официјалната страна на грчкото министерство за надворешни работи сеуште стојат ставови, кои во минатото Стево Пендаровски ги квалификуваше како фашиcтичkи. Како што пренесува порталот Експрес.мк на сајтот на грчкото министертво стои:

–Корените на прашањето за името се враќаат на последиците од Втората светска војна, кога Маршал Тито го одвои регионот, кој дотогаш беше наречен Вардарска Бановина (т.е. сегашната Република Северна Македонија) од Србија, му го додели статусот на федерална компонента на тогаш новата Федерална Југославија, првично преименувајќи ја во „Народна Република Македонија“, а подоцна и во „Социјалистичка Република Македонија“. Во исто време, тој почна да ја негува идејата за посебна „македонска нација“. Во исто време, тој почна да ја негува идејата за посебна „македонска нација“– стои во новата белешка за историската заднина на „прашањето за името на Северна Македонија“ на вебстраница грчкото МНР кај што го оспорува македонскиот национален идентитет.

Симптоматично е што кандидатот Пендаровски од 2014 и кандидатот Пендаровски од 2019 немаат ист став по однос на негацијата.

 

Posted by Радио Лидер on Friday, March 8, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This