April 19, 2024, 12:25 am

(ВИДЕО) КОГА СЕ РОДИЛА ГО ПОЗНАЛА НЕГОВИОТ ГЛАС: Постојано ѝ ги кажувал истите работи додека била во стомакот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако некогаш сте се посомневале во тоа дека бебињата слушаат сè што се случува додека се во стомак, оваа приказна ќе ви го докаже спротивното.

Тарсила Роса и Флавио Дантас со нетрпение чекале да им се роди ќерката Антонела. Флавио бил толку возбуден, што секојдневно, откако доаѓал од работа, прво зборувал со бебето во стомакот.

Седел и ѝ раскажувал за сè што му се случувало на работа, а потоа долго време ѝ зборувал дека мајка ѝ и татко ѝ многу ја сакаат, притоа галејќи го стомакот на неговата сопруга. На бебето постојано му нагласувало дека секогаш ќе биде тука за него.

Флавио вели дека ниту самиот не бил сигурен дали има смисла да разговара со Антонела, но решил за секој случај да се обиде да комуницира со ќерката.

И, кога дошла Антонела на свет, се покажало дека цело време внимателно го слушала својот татко.

Имено, откако Флавио ѝ се обратил, иако штотуку се родила, веднаш се насмевнала, а за приказната да биде уште подобра – на свет дошла на Денот на татковците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This