(Видео) Кога ќе ти кажат нема втор мандат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Датумот втори јуни има посебно место во срцата на секој фан на Вардар, затоа што пред точно две години „црвено-црните“ приредија историски подвиг и по вторпат ја освоија титулата од Лигата на шампионите. Ако во 2017 година имаа тим кој беше зрел за ваков успех, во 2019 никој не го сметаше Вардар за легитимен кандидат за трофејот. По „егзодусот“ на многу ракометари, нивните замени не ги гледаа како квалитетни во Европа, ама инатот беше поголем и покрај проблемите стигнаа до втора европска титула.

Но сите не си поминаа прекрасно на прославата на плоштад, особено не градскиот татко Петре Шилегов кој мораше да слуша како од илјадници грла се скандира никогаш Северна, Само Македонија.

Па така овој краток видео клип ја покажува тогашната емоционална состојба на Шилегов, а многу веројатно и денешната кога се погласни се најавите дека нема да добие втор мандат.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави големо изненадување кое ќе го обелодени на 5 јуни, на роденденот на партијата.

– На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер – рече вчера Ахмети во Липково.

Засега се шпекулира дека изненадувањето ќе биде заеднички кандидат Албанец со СДСМ за градоначалник на Скопје.

Премиерот Зоран Заев е информиран за големото изненадување на ДУИ кое лидерот на интегративците Али Ахмети најави дека ќе го обелодени на 5 јуни , на партискиот роденден.

– ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, убава зтоа што е целосно во корелација со работењето на Владата, споделено е со нас, убава е затоа што е модерна и соодветна за 21 век. Тоа е освежување и новина – рече Заев но не откри детали бидејќи тоа е агенда на ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This