April 25, 2024, 11:47 am

ВИДЕО КОЛУМНА НА ПРОФЕСОРКАТА КАРАКАМИШЕВА: Новата година да биде година во која народот ќе си ја земе својата власт од рацете на натрапниците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Тања Каракмишева на социјалните мрежи објави видео колумна, во која на граѓаните им ја честиташе Новата година и им посака повеќе надеж


„Нашето бреме е да ја спасиме Македонија од овие натрапници и велепредавници што е можно побрзо, да ги исправиме главите на сите Македонци и да им покажеме дека може да се постигнат многу национални успеси со гордо кренати глави, но пред се со достоинствен труд.“ – вели професорката Каракамишева

Таа ги повика граѓаните, новата 2019. година да биде година во која „ние народот“, ќе си ја вратиме нашата, народната власт од рацете на натрапниците.

„Да ја дочекаме новата 2019 година со оптимизам дека не е се готово, дека националната катарза допрва мора да дојде и дека ние и сите идни генерации ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ, ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОКВАЛИТЕТНА ДРЖАВА, ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОХУМАН ТРЕТМАН И ПОВЕЌЕ ПРАВДИНИ!“ – заклучува професорката.

Новогодишно обраќање

Луѓето велат надежта последна умира. И најтешко е кога таа навистина ќе умре. Токму таа надеж, како прва светлина во мрачниот тунел, нека биде нашата главна водилка во Новата 2019 година. Светлината во мрачниот тунел сме сите ние кои со чиста совест, здрав ум, полно срце со љубов, и желни за успех на својата татковина доаѓаме како спасители на нашата мајка, на нашата Македонија. Кој друг ако не ние, кога ако не сега! Секоја генерација во животот го носи бремето на своето време. Нашето бреме е да ја спасиме Македонија од овие натрапници и велепредавници што е можно побрзо, да ги исправиме главите на сите Македонци и да им покажеме дека може да се постигнат многу национални успеси со гордо кренати глави, но пред се со достоинствен труд.Да ја дочекаме новата 2019 година со оптимизам дека не е се готово, дека националната катарза допрва мора да дојде и дека ние и сите идни генерации ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОДОБАР ЖИВОТ, ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОКВАЛИТЕТНА ДРЖАВА, ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОХУМАН ТРЕТМАН И ПОВЕЌЕ ПРАВДИНИ!

Posted by Тања Каракамишева on Saturday, December 29, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This