ВИДЕО: Кордон полиција на влезот во Општина Будва – обезбедувањето го истуркало градоначалникот надвор од зградата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Службеници од приватното обезбедување го истуркаа од зградата на Општина Будва претседателот на Општината, Марко Царевиќ. Тој, како што најави утрово, тргнал на работа, но службениците од приватното обезбедување го спречиле во тоа. Царевиќ, заедно со шефот на кабинетот Никола Јовановиќ бил истуркан од зградата на Општината.

Припадници на обезбедувањето на груб начин од зградата ги истуркале и камерманите од Телевизијата Вијести. Царвиќ отишол во полициска станица да поднесе кривична пријава, пренесува Вијести.

Тој рекол дека на списокот нема печат, дека без тендер е донесена приватна агнеција за обезбедување, односно дека Општината има агенција за обезбедување со која склучила договор.

Budva

Počeo jutarnji program u Budvi…

Posted by Objektiv Story on Tuesday, June 23, 2020

Ни претседателот на СО Будва, Крсто Радовиќ не бил пуштен да влезе во зградата.

Тој го повикал лидерот на Црногорски, Владимир Булатовиќ „ако има малку човечност во него, да излезе“. Рекол и дека синот на министерот за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ „троши во Будва над илјада евра дневно“, а дека полициските службеници заработуваат 20 евра.

Posted by Radio Televizija Budva on Tuesday, June 23, 2020

Пред зградата на општината се собрале голем број граѓани, а зголемено е и присуството на полицијата. Утринава на влезот од зградата бил поставен полициски кордон.

https://www.facebook.com/watch/?v=713731356059534

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This