(Видео) КОСТАДИНОВ СЕ КРСТИ ВО СЕВЕРНА: Поништување на Договорот од Преспа ја загрозува интеграцијата во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа се дирекнта закана за нашето полноправно членство во НАТО, тоа ја загрозува интеграцијата во ЕУ и иднината на државата, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција.

Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република С Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот. Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно, објасни Костадинов, додавајќи дека во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?

Затоа што ако нема Договор од Преспа – нема ниту членство во НАТО.

„Јасно е, сите што заговараат укинување на Договорот заговараат и поништување на членството во НАТО што е директна опасност за државата.

Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.

Но затоа, тука е целата демократската јавност во нашата земја, тука e СДСМ, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети да гарантираме дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.

Нема да дозволиме враќање чекор назад, како што посакуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Република С Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ.“, заклучи Костадинов.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This