(Видео) КОЈ ДРУГ БИ СЕ ОТКАЖАЛ ОД ЈАЗИКОТ: Борисов не го дава Заев, го советува да не си дава ocтавка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Големиот пријател на Зоран Заев, но не и на Република Македонија, Бојко Борисов го советува македонскиот премиер да не си дава оставка. Во изјава за 24 БГ Борисов истакна дека не сака да зборува во име на Франција зошто ги блокира С Македонија и Албанија.

„Никој не вели не, но сакаат сè да биде максимално добро исполнето. Го советував Заев да не си даде оставка, има уште многу да се направи“, рече Борисов.

Што друго треба Заев да направи е работа која може да се оствари на толкување, но имајќи ја во предвид декларацијата на буграскиот парламент тоа што тој како премиер би го направил е застрашувачки. Само пред неколку дена бугарската влада усогласи декларација во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ. Не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“.

Рамката содржи повеќе од 20 услови кои Македонија ќе мора да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Соопштението од бугарската влада по состанокот започнува со ставот дека „Бугарија го поддржува почетокот на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија“, а под него се наредени серија услови, квалификации и забелешки кои задираат во историјата и идентитетот на државата и граѓаните. Најпрво, Бугарија се заканува дека „нема да дозволи интеграцијата на С. Македонија во ЕУ да биде придружена од европска легитимација на државно спонзорирана идеологија на анти-бугарска основа”, а истиот пасус финишира со оценката дека „препишувањето на историјата на дел од бугарскиот народ по 1944 година е еден од столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам.

-Ефикасно и неодложно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.
Строго придржување до членот 8 од Договорот дека „објективните, автентични, историски извори се засновани на докази за научно толкување на историски настани“.

-Воздржување од дејствата со кои што се поддржуваат и поттикнуваат тврдењата за признавање на таканареченото македонско малцинство во Бугарија, вклучувајќи и во меѓународни организации.

-Рехабилитација на жртвите репресирани поради бугарска самосвест.

-Строго придржување до клаузулата во врска со официјалниот јазик на Република Македонија, утврдена и ратификувана од парламентите на двете земји.

-Целосно спроведување на договорите што ги постигна заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни работи и нивно вклучување во образовни планови и материјали.

-Запирање на говор на омраза кон Бугарија и граѓаните на Република Македонија со бугарска самосвест, вклучувајќи медиуми, натписи на споменици и слично.

-Реставрација и одржување на бугарски воени гробишта и споменици на територијата на Република Македонија.

Огромната част от държавите са за получаване на европейска перспектива за Република Северна Македония и Албания. Решението е отложено за месец май. Приветствам споразумението за спиране на огъня в Сирия.

Posted by Boyko Borissov on Friday, October 18, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This