April 26, 2024, 10:32 pm

(Видео) Крај на кариерата на Јовевски: Бугарските oбвинитeли во овој момент не ја отстpaнуваат можноста дека во автобусот е можно да се превезувале eкcплозивни матepијали, пиpoтекника или гориво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На државниот јавен обвинител, Љубомир Јовевски утринава му заврши кариерата!

Обвинителите и македонски и бугарски немаат никаков проблем да шпекулираат со вината на возачот кој го наведоа како главен виновник за несреќата, но не можат да одговорат какви запаливи супстанци се превезувале во автобусот.

Бугарските обвинители во овој момент не ја отстрануваат можноста дека во автобусот е можно да се превезувале екслпозивни материја, пиротекника или гориво кое допринело за пожарот кој одзеде 45 животи.

И покрај тоа што се завршени хемиските анализи ниту Јовевски, ниту бугарските колеги не открија какви запаливи материјали се превезувале во автобусот.

Дека се превезувало гориво или пиротехнички материјали не може категорично да се отфрли, велат бугарските обвинители.

Она што го повторуваат како папагали е дека истрагата е во тек, иако сум повеќе од сигурен дека знаат што се превезувало во автобусот, но срамот по бугарската и македонската дрежава во меѓународни рамки е огромен.

Јовевски се дрзна да им земе збор на своите колеги за да дојде до констатација дека ако се знаеле причините за пожарот немало да има истрага… Ајде мајката?!

Да не заборавиме дека оние кои шпекулираат од првиот ден се токму властите и бугарски и македонски, кои велеа дека има па нема канистри со гориво, дека биле празни, полни за на крај да кажат дека истите се полни со некакво си масло.

-Од старт беше кажано дека постојат канистри со нафта кои се празни и не се зафатени со пожарот, вели Јовевски.

На прашањето како може да изгори цел автобус, но не и канистрите одговорот е:

-Канистрите пластични беа сместени во задниот дел каде што се наоѓа просторот за моторот, а таму е најмалку од пожарот е зафатен автобусот, вели Јовевски.

На констатацијата дека во овој момент не може да се отфрли шверц одговорот на Јовевски одгобори:

-Вие повторно сакате да ви го потврдам тоа што вие го мислите. Мојата професионалност не ми дозволува да ви го потврдам тоа. ако ние на местото на пожарот имаме надено празни туби со нафта во која претходно се превезувала нафта. И бугарските органи од анализите соопштија дека таму има остатоци од нафта дека тубите не се изгорени. Како може да говориме дека со нив е вршен шверц на нафта.

Замислете имало туби, кои не изгореле, во нив се превезувала нафта, но Јовевски не може да дојде до логичен заклучок резултат на дедукција дека се шверцувала нафта…

На прашањето дека можеби имало полни туби со нафта кои веќе изгореле, Јовевски вели дека не знае каде би стоеле истите… Ајде мајката?!

Кога му посочив дека во предниот дел од автобусот може да се прошвервува автомоби „Фичо“ тој „свирна крај“ на прес-конференцијата.

Ова што утринава го видовме е срам за двете држави и уште еден показател дека некој очајно се обидува нешто да сокрие, а како и секогаш виновникот да го најде кај возачот кој чесно се обидувал да заработи парче леб за себе и своето семејство.

Поради блокада од цензорите на Фејсбук на Инфомакс видеово е објавено кај мене на мојот личен профил. Ве замолувам сите до еден, масовно да го споделите, да оставите реакција и да им го испратите на вашите пријатели, бидејќи жртвите и нивните семејства заслужуваат да се дознае вистината за оваа трагедија која однесе 45 животи, пишува на Фејсбук новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This