(Видео) Кapaкачанов со ниска пpoвоkација: Заев во Софија дочекан со транспаренти „добредојде дома“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата ВМРО БНД на поранешниот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов, ВМРО БНД, го пречека македонскиот премиер Зоран Заев во Софија со транспаренти на кои пишуваше „Заев, добредојде во својата татковина“, традиционален бугарски леб и народна музика.

Според членот на извршниот комитет на ВМРО, Александар Сиди, учесниците во акцијата се собрале пред зградата на владата за да го потсетат Заев дека „судбината на Македонија веќе не се решава во странските амбасади“.

Го потсетивме дека судбината на Македонија се решава во Софија, тука, затоа се собравме да кажеме „добредојде“. Се собравме да кажеме дека не е важно дали владата е техничка или обична, таа ќе продолжи безусловната бугарската национална идеја во Македонија“, рече Сиди.
По извесно време, македонската делегација ја напушти зградата на Владата и замина со владини автомобили. Тие дури и не обрнуваа внимание на активистите.

Во Софија се одржа средба меѓу бугарскиот и македонскиот премиер Стефан Јанев и Зоран Заев. Според бугарскиот премиер, задача на двете влади е да обезбедат отворен дијалог на експерти од заедничката мултидисциплинарна комисија со цел да се најдат решенија за проблемите меѓу двете земји.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This