(Видео) ЛЕНЧЕ КУКИЌ ВО ЕМИСИЈАТА „НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА“БЕШЕ ПОЛАСКАНА ОД КОМЕНТАРОТ НА КЕБА: Се засрами, но и слатко се изнасмеа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатата фолк пејачка Ленче Кучиќ и прилепчанката Милена Јовановска има дуел во најновото издание на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“.

Лечне беше прва и пред жирито и публиката се претстави со песната „Галеб тажен“, додека Милена ја отпеа „Болиш и не пролазиш“.

Од дуелот според гласовите на жирито, оркестарот и публиката во студиото, победник беше Ленче која се пласираше во четвртиот круг, додека Милена остана на крајот во бараж, но сепак не успеа да продолжи понатаму во натпреварот.

Еден интересен момент беше коментарот на Драган Којиќ-Кеба кој беше специјален член на жирито, а во своето објаснување зошто гласа за Ленче кажа дека таа е подобра и од струмичка мастика.

На ваквиот ласкав коментар Ленче се изненади, но и слатко се изнасмеа.

Иако и двете наши натпреварувачки беа пофалени дека се одлични пејачки, сепак Ленче беше првата кандидатка од Македонија која ќе ја гледаме и во наредните изданија на „Никогаш не е доцна“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This