(Видео) Лични кapти oд пoнeдeлник co „Ceвepнa“ – eтничкитe зaeдници ќe мoжaт дa гo oдбepaт и jaзикoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 40 илјади граѓани ќе ги добијат новите лични карти со новото име на државата и согласно законот за употреба на јазиците. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки донесе подзаконски акт за усогласување на Законот за лични карти со Законот за употреба на јазиците и на тој начин може да се продолжи со издавањето лични карти.  Од МВР велат дека се чекало неколку месеци додека не пронашле адекватно решение.

„Станува збор за подзаконски акт кој што министерот има право да го донесе соогласно постојниот закон за лични карти, затоа и се бараше правна и законска солуција за да се изнајде најадекватното решение. Ние немаме тука друга промена освен издавање на лични карти со новото уставно име и согласно законот за употреба на јазиците. Други промени во решението нема“, истакна Сузана Прањиќ.

Од МВР претходно кажаа дека издавањето лични карти застана бидејќи го надградувале системот во согласност со Договорот од Преспа, кој предвидува од 1 јули годинава да почне да се употребува новото уставно име Република Северна Македонија на личните документи, како и во согласност со Законот за употреба на јазиците, кој предвидува двојазични лични карти за припадниците на малцинствата кои ќе го побараат тоа.

Од друга страна Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта го крши законот. Меѓу другото ги предупредува вработените од МВР дека можат да завршат на суд бидеќи го кршат законот.

„Не е прв пат оваа власт да го крши законот, всушност 4 години кршат закони. И во таа насока после промената на власта која што ќе се случи по локалните избори ќе има одговорност и да ги предупредам сите кои што работат во МВР да бидат внимателни за многу поситни работи луѓето се по судови и од МВР и од други институции така што за ваква крупна работа ќе одговараат како за аферата со пасошите одговорноста нема да заврши кај овие ситни риби кои што сега одговараат“, вели Александар Николовски.

Професорот Трендафил Ивановск, кој е поранешен претседател на Уставен суд, вели дека министерот само може да најде начин на решавање на проблемот, но не да донесува законски акти. Владата има должност нормативно да го уреди законот.

„Министерот не може да ја смени законската одредба туку сигурно му е даден налог да изнајде начин како да го спроведе тоа. Тој може да предложи да се промени под хитно само тој дел од законската одредба или пак може ако не е законската одредба причина тогаш може да важи старата законска одредба односно старите лични карти. Министерството е задолжено да предложи на Владата, Владата е должна ако е тоа нормативно да го уреди. Меѓутоа тоа ако не може да го уреди собранието треба да се активира в секој случај да се почитува правниот режим“, посочи Трендафил Ивановски.

Во собранието беа предложени измени на Законот за лични карти, но тој е заглавен во поради 1.500 амандмани поднесени од Левица. Левица ги поднесе амандманите поради барањето на Беса во личните карти да стои и етничката припадност.

Од МВР појаснуваат дека потребно е најпрвин барањата на граѓаните да бидат одобрени од административните служби со донесувањето на подзаконскиот акт и потоа започнува процесот на персонализирање и дистрибуција до управните служби низ државата. Процесот за одобрување започнува уште денеска и штом првите лични карти се генерираат во системот ќе започне нивната персонализација што значи дека првите лични карти ќе се издаваат од понеделник. Инаку, личните карти со старото уставно име ќе можат да се користат до 12 февруари 2024 година.

Извор: mk.tv21.tv

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This