(Видео) Лудило во Холандија – нови протести во повеќе градови против строгите мерки, полицијата употреби палки, водени топови и кучиња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови судири избија доцна синоќа во неколку холандски градови во знак на протести против построги владини мерки за спречување на ширењето на инфекцијата со коронавирус. Петмина полицајци се повредени, а седум лица се уапсени.

Судири меѓу интервентната полиција и демонстрантите избија во Хаг, каде полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.

Видео може да погледнете ТУКА.

Демонстрантите со маски и качулки запалија паркирани велосипеди, а полицијата употреби коњи, кучиња и палки за да ги смири, пишува Би-Би-Си.

Видео може да погледнете ТУКА.

Помали судири имаше во градот Урку и во градовите во провинцијата Лимбург каде гневните навивачи прекинаа два фудбалски натпревари кои се играа без публика поради правилата на Ковид.

Насилството, сепак, беше значително помало од претходната вечер кога во „оргија на насилство“, како што ја нарече градоначалникот на Ротердам, три лица беа ранети од огнено оружје во тој град, а 51 лице беа уапсени. Според досегашните информации, прва пукала кон демонстрантите била полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This