March 29, 2024, 12:33 am

(Видео) Лудило: Изглaднeтитe вoзaчи ce cyдpиja co пoлициjaтa, cитyaциjaтa e нaпнaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Французите и граѓаните на Европската унија од денеска можат да влегуваат во Франција, но со приложување на негативен тест на коронавирусот, објавија од кабинетот на францускиот премиер.

Иако се очекуваше дека оваа одлука ќе ја смири драматичната ситуација на југот на Англија, изгладнетите возачи кои заглавија на температури под нулата, не се баш најсреќни од ова решение.

Пропуштањето оди пребавно, возачите минуваат низ процедура на брзи тестови која трае околу половина час, што значи дека со едно такво темпо ќе останат со денови заглавени на границата.

За влез во Франција веќе чекаат над 10 илјади возачи, а некои од нив веќе четири дена седат во своите камиони и ги чекаат одлуките на француската влада која ги затвори границите со Велика Британија поради новиот вид на коронавирус кој се појави на Островот.

Меѓутоа ситуацијата ескалираше во средата наутро кога возачите започнаа да се групираат и да ја напаѓаат полицијата.

„Во секој случај, во подобра ситуација сме од вчера, барем границата е отворена. Меѓутоа, проблем е тестирањето. Англичаните велат дека можат да тестираат 6 илјади луѓе дневно, но тоа е под знак прашалник. На патиштата и аеродромот „Менстон“ моментално има 10 илјади камиони, а денеска се очекуваат уште 7 илјади. Значи, некои ќе заглават со денови“, изјави Ралука Мариан од Меѓународната превозничка унија.

Британскиот министер за транспорт, Грант Шапс на „Твитер“ ги замоли возачите на камиони да не одат во Кент каде се најголеми колоните со камиони. Шапс порача дека „за два до три дена се ќе биде решено“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This