(Видео) ЛУЃЕ СПОНТАНО КОЛАБИРААТ ОД КОРОНА ВИРУСОТ ВО КИНА: Кинеската армија е на готовс, тенкови се на улиците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експерти од Меѓународната комисија за итни случаи на Светската здравствена организација препорачуваат сите земји да се подготват за понатамошно ширење на вирусот корона.

Исто така, како што јавуваат агенцијата Срна и „Блиц“, владите и другите официјални претставници на сите земји се советуваат да преземат мерки на претпазливост, се вели на веб-страницата на СЗО.

Во соопштението се вели дека се очекува дека инфекцијата може да се појави во која било земја и дека сите држави треба да се подготват за борба против ширењето преку активно следење на состојбата, рано откривање на инфекција, изолирање и контролирање на случаи, следење на контакти, спречување на понатамошно дистрибуирање и доставување на сите информации до Организацијата.

Во извештајот на СЗО се повикуваат државите да посветат особено внимание на намалување на човечките инфекции, спречување на секундарно пренесување и ширење на меѓународно ниво, како и да придонесат за меѓународен одговор преку мултисекторска комуникација и соработка и активно да учествуваат во учењето за вирусот и инфекцијата.

Меѓународната организација ја повика глобалната заедница да покаже солидарност и соработка во пронаоѓањето на изворот на новиот вирус и откривање на целосниот потенцијал за пренесување, како и спроведување на истражувања за пронаоѓање на потребниот лек.

Бројот на случаи на нова вирусна корона веројатно ќе продолжи да расте во Кина, рече портпаролот на Светската здравствена организација, Тарик Јашаревиќ. Во Кина официјално, 26 лица починале како резултат на инфекцијата, но постои страв дека вистинската бројка е многу повисока.
 

 

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This