(Видео) Лeкapитe co пиcмo кoнтpa Филипче: Нeвpoлoгијa нeмoжe дa бидe Koвид-цeнтap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Hајавите на министерот Филипче, сите здранствени работници да ги ангажира за лекување на заразените од ковид-19 падна во вода. Први лекарите од Неврологија се огласија дека се немаат услови да ги лекуваат заразените со корона вирус.

Стручниот колегиум од Клиниката за неврологија реагира на одлуката на министерот Венко Филипче и оваа болница да биде ковид центар.

„Стручниот колегиум на состанок зазема едногласен став дека клиниката не ги исполнува критериумите и условите за ковид центар поради тоа што тука се хоспитализираат пациенти со невролошки заболувања од целата земја кои добиваат адекватен специфичен третман кој не можат да го добијат во друга клиника болница, установа.

Дополнително неврологија не прифаќа да ги стави во ризик пациентите со невролошки заболувања кои се лечат на нивната клиника.

– Доколку пациентите со невролошки болести (мозочен удар, епилепсија, епилептичен статус, мијастенија гравис, мултипла склероза, акутен полирадикулоневрит, трансферзален миелит, деменција, екстрапирамидни заболувања, болни синдроми) не се хоспитализираат, дијагностицираните се лекуваат на нашата клиника, многукратно се зголемува ризикот од морбидитет и морталитет од овие болести“, се вели во дописот до Филипче.

Иако граѓаните се жалат дека не добиваат други здравствени услуги освен за ковид, од клиниката за неврологија велат нивната работа периодов воопшто не била попречена, пациентите ги добивале соодвтените услови. Во текот на 2020 година заклучно со октомври велат извршиле над 12 илјади амбулантски прегледи и 944 контролни прегледи, а остварени 810 хоспитализации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This