March 28, 2024, 10:57 pm

(Видео) ЛEKAPИТЕ САМИ СИ КУПУВУААТ СРЕДСТВА ЗА ЗАШTИTA: Филипче тврди дека државата е спpeмна, има резерви, a средства за зaштитa и дополнително ќе се набавуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали примарното здравство е доволно спремно за епидемија на коронавирус во Република Македонија ова е клучното прашање со оглед на фактот што анкетата која ја изработи екипата на Инфомакс во аптеките ширум главниот град ни вели дека тоа не е случајот. Нашите информации велат дека бидејќи апктеките даваат приоритет на болниците за маски и алкохол првин кај нив се даваат па потоа кај граѓаните и тоа е причината за недостаток на заштитни сретства по аптеките.

Токму ова прашање му го постави уредникот на Инфомакс, Александар Митовски на денешната пресконференција на министерот за здравство, Венко Филипче по повод состојбата на првиот пациент во Република Македонија заболен од коронавирусот.

-Во однос на снабдувуањето ние како државни институции не се снабдувуаме од аптеките. Аптеките нудат материјали за комерцијална употреба доколку граѓани и пациенти сакаат да купат. Во таа смисла резервите на сите институции се доволни преку резервите на министерството за здравство. Значи доволна количина на маски, ракавици и мантили, вели Филипче.

Според Глобалниот индекс на здравствена сигурност за 2019 година, кој ја мери подготвеноста на земјите и нивните здравствени системи да се справат со евентуални епидемии или пандемии, Македонија е рангирана на 37. место од 43 држави во Европа. Од земјите во регионот пред нас се Хрватска, Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора и БиХ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This