(видео) МАКЕДОНИЈА ДРАМАТИЧНО СЕ ЗАДОЛЖУВА: Предупредуваат домашните и странски експерти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија драматично се задолжува. За тоа не предупредуваме само ние, туку и сите домашни и странски експерти, како и странските институции. За тоа предупредува и ММФ дека Македонија е во ризична зона односно оди накај банкрот, ова денеска на прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-За наредната недела се предвидува ново задолжување по основ на аукција на државни хартии од вредност во износ од 26 милиони евра. Границите и сите психолошки бариери се пробиени. 2018-тата година ја завршивме со нов нето долг од 415 милиони евра во споредба со 2017-тата година. Благодарение на оваа неспособна власт која од економија разбира само задолжување секој граѓанин сега должи 2.570 евра. Јавниот долг ги надмина двете психолошки граници од 50% од БДП, и 5,2 милијарди евра, а ако погледнеме од друга страна, ништо не сработи оваа влада. Капиталните инвестиции се на исклучително ниско ниво на реална реализација од само 50-тина проценти од она што го предвиде самата влада, ниту се градат патишта, ниту се градат болници, ниту се градат училишта, ниту се градат градинки, ништо не се гради. Јавноста секој ден слуша како парите на граѓаните се трошат од овој криминален картел на власт за доделување на тендери на партиски функционери од СДСМ и Владата, на вработување на мајки, синови, ќерки и сестри на луѓе од власта. Ете каде завршуваат парите од буџетот и кредитите со кои што не задолжува нас граѓаните оваа власт, потенцира Арсовски.

Тој додава дека граѓаните за жал се се посиромашни откако дојде СДСМ на власт. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија.

-Перспективата која ја нуди оваа власт е јасна, а тоа е банкрот на државата на сметка на лично богатење на овој криминален картел на власт. Затоа СДСМ бега од соочување со народот, затоа што знае дека ќе биде казнета за сите грешни и штетни погубни политики во економијата која им ги приреди на граѓаните. Нивната математика е јасна да останат уште некој месец или година на власт, да си ги вработат сите најблиски и да земат уште некој милион на своите сметки. Криминалот на оваа власт е повеќе од јасен и еден ден кога судството ќе биде надвор од рацете на Заев сите до еден ќе одговараат за се што направиле, рече Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This