Македонија е на нозе, Северна на колена, ова е вечерашната слика од улиците ширум Македонија. Оние кои што можеби не ги интересира политика останаа зачудени што се случува надвор, денеска немаше голем спортски настан, но во Македонија вечерва се почувствува нешто многу посилно и посуштествено, на голема врата се врати македонизмот. Вака просечниот граѓанин, патриот го толкува падот на на анационалната власт на СДСМ која го промени името, идентитетот, јазикот и историјата.
Граѓаните вечерва по улиците ширум државата како што може да се види на видеата го прославија падот на Зоран Заев и одредувањето на датум за предвремени избори на 12 април наредната година. Она што е многу интересно и што вреди да се прокоментира се обележјата кои граѓаните кои излегоа на улица да прослават ги носеа, речиси и да немаше партиски знамиња, а сонцето од Кутлеш беше на почетокот од секоја колона автомобили која кружеше по улиците. Не отсуствуваше ниту извикот кој што стана симбол за антизаевизмот „Никогаш Северна, само Македонија“. Со падот на Зоран Заев, Македонците си ја вратија својата национална гордост.
https://www.facebook.com/UMSVMRODPMNE/videos/514439365780908/?v=514439365780908
https://www.facebook.com/slavica.koseska/videos/10215408190533509/
https://www.facebook.com/alexander.georgioski/videos/10217860803783233/