April 20, 2024, 10:24 am

(Видео) МАКЕДОНИЈА, ЦРНА ГОРА И КОСОВО НАЈСТРАШНИОТ ПОРАЗ ЗА ЗАПАДОТ: Западот создаде ситуација која не може да ја контролира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аферата „Коветр“ ја протресе црногорската јавност повеќе од било кој од досегашните скандали поврзани со корупција. Дека обвиненијата за Мило Џукановиќ од страна на неговиот до неодамна многу близок соработник, Душко Кнежевиќ, се многу сериозни се согласија и историчарот Милан Гулиќ и социологот Слободан Релиќ, кои зборуваа за темата во емисијата „Свет со Спутник“.

„Кнежевиќ е најопасниот непријател на Џукановиќ. Тој се подготвил, снимал сѐ. Народот е свесен дека постои корупција, но реакциите се значително побурни кога ќе се види моментот на примопредавањето на ковертот. Тој вешто објаснува дека и самиот не е чесна личност и дека можеби под раководство на некој друг, а не Џукановиќ, банкарството би можело да преживее. Кнежевиќ зборува дека сака да го сруши од власт Џукановиќ, но никако не сака да и наштети на земјата“, вели Гулиќ.

„Повеќе од јасно е дека алудираше на сомнителниот референдум од 2006та година. Јасно е дека референдумот беше наместен, но доколку директните организатори признаат, би морале да се најдат пред органите на правдата. Тоа не би влијаело на политичката ситуација во земјата, но народот ќе има појасна слика за она што се случува“, додава Гулиќ.

Тој нагласи дека е важно да се дојде до сржта на приказната и да се стави крај на омразата која плански се сади помеѓу луѓето.

Според него референдумот во Црна Гора бил само инструмент за постигнување на целта, како што тоа беше случај со референдумите во Косово и Македонија, или Бадинтеровата комисија за поделба на границите во СФРЈ.

„Иако живееме во време кога ни се чини дека Западот може да прави што сака, сепак ова е можеби најстрашниот пораз на Запад. Тие по распадот на СССР создадоа меѓународен правен и политички поредок, а сега не им одговараат правилата кои сами ги поставија“, изјави Релиќ.

За Гулиќ не е спорна државотворноста на Црна Гора, но тој смета дека денешната Црна Гора која е производ на референдумот од 2006та година нема никаква врска со историската државотворност на земјата како дел од Србија. Денешната Црна Гора дури е заснована како спротивност, па дури и oмpаза кон Србија. И тоа не е одраз на црногорскиот народ туку на политичката гарнитура. Сепак независноста на Црна Гора не претставува проблем според него.

Подгорица има низа на непријатеслки потези кон Белград, меѓу кои и признавањето на Косово, но луѓето од двете страни на границата се поврзани, а таа граница може да исчезне исто како што никна.

Релиќ нагласи системот место да создаде демократија создаде власт која не е одраз на волјата на луѓето. Тој очекува Џукановиќ да победи и на следните избори, но не очекува дека тие избори ќе бидат засновани на демократски принципи.

„Повеќе се применуваат техники за употреба на демократијата, отколку што се применува самата демократија, така што проблемот не е само во Џукановиќ, туку во целиот систем“, заврши Релиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This