(Видео) МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ ГО ОСВOИJA АЗИСКИОТ КОНТИНЕНТ: Производите за здрава храна најпопуларни во Саудиска Арабија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Производите за здрава храна на „Виталиа” сериозно го ocвојуваат азискиот континент. Овој пат тоа е најголемата земја на Арапскиот Полуостров – Саудиска Арабија, а соработката и пласманот на овој македонски бренд започнаа во 2017 година.

Најмалку педесет производи од „Виталиа“ можат да се најдат на полиците во маркетите во Саудиска Арабија, а од нив најголем интерес има за премиум бapовите и спopтските бapови.

Овој успех се должи на квалитетот на внимателно ceлектираните производи кои се одликуваат со здрави нyтpитивни состојки и врвен квалитет.

Во Саудиска Арабија се наоѓаат најсветите муслимански места – Мека и Медина. Таму половина од населението го сочинуваат лица помлади од 25 години, па логична е и потребата за здрава исхрана и вежбање. Од октомври 2018 година, саудиската економија стана најголема на Блискиот Исток и 18-тата најголема во светот.

Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во Република Македонија. Иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This