(видео) МАКРАДУЛИ БЕГА ОД НОВИНАРИ: Професорската јавност со жестока критика по скандалот со тендерот кој го доби неговата сопруга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Јасна Котеска со коментар на тендерот вреден 90 илјади еввра кој го добил фирма каде сопственик е и сопругата на заменик министерот Јани Макрадули, пренесува Експрес.

Откако Макрадули се обиде да објасни дека се е чисто затоа што тендерот не бил од министерството каде што тој е втор човек туку од друга владина институција, професорката Котеска со објаснување дека се работи за прашање на морал со сугестија дека се додека е тој заменик министер неговата сопрува не смее да добива тендери од владата.

На постот на Макрадули во кој тој за нападите врз него вели: „Доколку е со аргументи се е во ред. Нема бегање и криење. Ама со факти“, Котеска одговара со барање за почитување на морални норми од страна на државни функционери.

„И да нема директен непотизам, Вашата јавна функција подразбира moral high ground (Високи морални стојалишта/критериуми).

Времен престан за аплицирање на тендери од државни пари за Вашите семејства додека Ви трае мандатот. Важи и за Вас и за сите министри во Владата.
Не е нуклеарна физика“, пишува Котеска до Макрадули.

На обвинувањата на најверојатно симпатизери на СДСМ или на блиски на Макрадули дека во случајот нема криминал и дека Котеска во времето на ВМРО – ДПМНЕ молчела за слични ситуациии професорката вели дека 8 од 10 години од власта на сегашната опозиција зборувала и критикувала за слични ситуации.

Откако на професорката по постот почнале да и пристигнуваат документи и факти за корупциски скандали таа вели дека не може да ги процесира и дека сакала само човечки да каже што мисли да за случајот „Сопругата на Макрадули“.

“Пишав општа здраворазумска логика. Додека си на власт, заради можен непотизам, членовите на семејствата на функционерите да не се јавуваат на државни тендери. Или, ако тие се јавуваат на државни тендери, не се кандидирај на пратенички листи“.

https://twitter.com/FurkanSaliu/status/1082576444499345409

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This