March 29, 2024, 11:04 am

(Видео) Макрон во посета на Хрватска, ќе потпише договор вреден 1,15 милијарди евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во официјална посета на Хрватска. Тој вечерва слета на загрепскиот аеродром „Фрањо Туѓман“.

Макрон е првиот француски претседател во официјална посета на Хрватска, јавуваат хрватските медиуми.
Макрон вечерва ќе се сретне со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на работна вечера во загрепскиот ресторан „Гало“.

Свечениот прием на францускиот претседател и средбата со претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ќе се одржат утре во Пантовчак.

Двајцата претседатели ќе се сретнат и со пилотите на хрватското воздухопловство, бидејќи Емануел Макрон доаѓа пред потпишувањето на договорот за купување на 12 воени авиони „Рафал“ за 1,15 милијарди евра.
Макрон и утре ќе се сретне со Пленковиќ, а ќе потпише и стратешко партнерство, додека министрите за одбрана Марио Баножиќ и Флоренс Парлу ќе потпишат договор за набавка на авионот „Рафал“ .
Планиран е и лет на овие борбени авиони над Бански двори во Загреб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This