(ВИДЕО) МАЛ ХAК: Со floppy дискета до капацитет од 128 GB

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компјутерот кој е користен е од 1995, а променети му се и матичната плоча, процесорот и графичката картичка.

Малите floppy дискети порано беа главниот медиум кој се користеше за пренос на податоци од еден на друг компјутер, односно може да се каже дека тие беа USB дисковите на деведесеттите.

Секако, капацитетот им беше толку мал што тие не можеа да се користат баш за многу работи, покрај пренесување на документи и слични датотеки, иако во тоа време и сите други работи имаа помала големина.

Интересно си има „поиграно“ со неговата IBM машина од 1995 „јутјуберот“ Dr. Moddnstine, кој го искористува нејзиното куќиште за да направи модерен компјутер.

Иако тој ги менува матичната плоча, става понов процесор, графичка картичка, па дури и USB читач во CD „плеерот“, сепак тоа што најмногу го привлекува вниманието е модифицирањето на floppy дискета и „драјв“ за да таа има капацитет од 128 GB.

Начинот на којшто тоа го прави е преку внесување на SD картичка во дискетата, односно точно каде што е отворот и поврзување на читач на картички во дравјот за дискетата. Тој има забележано дека поставеноста на сите потребни делови е точно погодена за да може да се направи промената.

Во видеото во продолжение можете да видите што тој има направено и како функционира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This