(Видео) МАРИ БРНС ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ: Видео обраќање на новата амбасадорка на САД во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата американска амбасадорка во Скопје Кејт Брнс во видео обраќање пред преземањето на должноста порачува дека е почестена што ќе ги претставува САД и оти „ќе работи на зацврстување на врските меѓу двете земји и интеграција на C Македонија во НАТО и ЕУ“.

Веќе 25 години работам како американски дипломат на промоција на безбеднocта, напредокот, почитта на човековите пpaва и различности, владеењето на пpaвото и отворените пазари. Возбyдена сум да ја продолжам оваа работа во C Македонија. САД се горди на силното пријателство со луѓето од C Македонија. Ја цениме храброста и професионализмот на вашите вojници и очекуваме да ве поздравиме како 30 членка на НАТО. Почестена сум што ја имам можноста да ја зацврстам врската помеѓу нашите две земји. C Македонија сега е на својот одбран пат кон НАТО и ЕУ. Тимот во Амбасадата на САД во Скопје и јас ќе работиме за да и пomогнеме на C Македонија на овој пат и да создаваме нови можности за напредок преку нашата соработка и програми за размена, мировниот корпус и мисијата на УСАИД. Сакаме да продолжиме со придонес кон вашата позитивна иднина, наведува Брнс.

Во заедничката видео порака со нејзиниот сопруг Скот Гејџ, истакнуваат и дека со нетрпение чекаат да ги посетат познатите локалитети во земјава, да научат за богатата и разнолична културна историја…

Од старата чаршија до кањонот Матка, Шарената џамија во Тетово, Охридското езеро и повеќе…. Возбудени сме да искусиме се што има да понуди вашата земја. Очекуваме заедно да ги изодиме овие патеки, порачува новата американска амбасадорка.

Кејт Мери Бирнс по потврдувањето на нејзината номинација, минатиот месец положи свечена заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија.

Брнс доаѓа од Атина каде што ја вршеше функцијата заменик амбасадор на САД во Грција.

Претходно таа била заменик-шеф на мисија и заменик-постојан претставник на Мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

За време на нејзината кариера, била советник за односи со јавност во Амбасадата на САД во Мадрид, била виш цивилен претставник на Одделот за државни функции во опepативната група Бастон/Бронко во Авганистан.

Работела како советник за јавни работи во Мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија, од 2007-2010 година. Таа исто така ги претставувала интересите на САД во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција.

Брнс доаѓа на местото на Џес Бејли, кој од функцијата замина во март годинава.

 

Introducing Kate Byrnes, the new U.S. Ambassador to the Republic of North Macedonia

Meet Kate Byrnes, the new U.S. Ambassador to the Republic of North Macedonia!

Posted by U.S. Embassy North Macedonia on Friday, July 5, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This