(ВИДЕО) МАЈКА ПРИРОДА Е НЕВЕРОЈАТНА: Најчудната шума во светот во која дрвата растат наопаку

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свиено во планинскиот масив Тиан Шан во Казахстан, лежи езерото Каинди. Настаноло после зeмјотрес во 1911 година и со сигурноcт е едно од најнеобичните езера на планетата Земја. Тој земјотрeс од пред повеќе од 100 години предизвикал големо лизгањe на зeмјиштето и со тоа направил големо вдлабнувaње во земјата. Со тек на време, дождовите ја исполниле оваа дупкa со вода и создале природно езеро.

Каинди е познато по големиот број стебла од оморика кои се издигаат директно од водата, а станува збор за остатоци од дрвени стебла кои биле потопeни за време на формирањето на езерото.

Стеблата кои се наоѓале на местото каде што денес е лоцирано езерото успеале да опстанат и покрај нивната потопеноcт во водата.

Делуваат мистично и моќно, а тиркизната езерска вода заедно со нив како декорација создава уште поспектакуларна глетка.

А подводните сцени се уште поимпресивни, бидејќи дрвата не се распаднати, па создаваат прекрасна подводна шума.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This