(Видео) Несекојдневна глетка: Мечка ја отвори вратата и влезе во продавницата во потрага по храна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработени во продавница во Калифорнија снимиле мечка како ја турка влезната врата, како тоа да е нешто највообичаено и влегла во продавницата.
Рејчел Дакузин, вработена во продавницата во реонот на езерото Тахо, изјавила дека забележала мечка како оди пред продавницата и дека веднаш влегла внатре за да повика помош.
Таа, исто така, снимила видео на кое се гледа како мечката ја следи и ја турнала вратата од продавницата.
Еден од вработените ѝ викал на мечката и ја бркал, додека животното со муцката го активирал автоматското средство за дезинфекција на рацете.

Рејчел рекла дека на лице место пристигнала помош, а персоналот употребил гумени куршуми за да ја исплаши мечката. Меѓутоа, како што велат вработените во продавницата, необичниот посетител по неколку часа се вратил за повторно да го ископа ѓубрето во контејнерот пред продавницата.

Кевин Томас, регионален менаџер на Одделот за риби и диви животни во Калифорнија, рече дека мечката била чипирана, што укажува дека претходно била фатена и обележана како дел од програмата за обележување во басенот Тахо.
„Ова однесување не е типично за мечките. Тоа е научено однесување во потрага по човечки извори на храна , а не во потрага по храна во дивината. Езерото Тахо има богата популација на мечки и тие често комуницираат со домови и бизниси во потрага по храна“, објасни Томас, пренесува РТС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This