(Видео) Ме yдиpaa, и се зakaнуваа на девојка ми – ќе видиш за два дена што ќе биде: Ckaндалозно cвeдоштво од тepopoт на параполициските структури во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Инфомакс во Битола дојде до скандалозно сведоштво на младо момче кое било нападнато од страна на параполициските структури на СДСМ.

Имено во текот на вчерашната вечер, момчето кое замоли да остане анонимно било стопирано со флешери од необележана полициска кола во Битола, а потоа и нападнато од полицијаците кои најпрво го фатиле за врат, а откако се обидел да ги снима со телефонот му ставиле лисици и го удирале по главата и телото.

Според полицијата тој бил запрен поради прекорачување на брзината, но истакнува дека полицијата немала радар и на ниту еден начин не можела да знае со колкава брзина се движи.

Иако застанал и ги имал сите потребни документи тој бил физички нападната од тројца полицајци, еден од Битола и двајца од Скопје кои биле од единицата за специјални задачи „Тигар“.

Покрај заканите кон него, закани добила и неговата девојка која во моментот се возела со него во возилото.

Тој се сомнева дека неговото приведување било политичко мотивирано, а тоа може да се заклучи и од вербалните закани кои ги упатиле кон него дека ќе види што ќе се случува по изборите во недела.

Храброто момче кое сведочеше за Инфомакс истакна дека и покрај сите притисоци, закани и физичкиот напад од полициските службеници, ништо нема да го поколеба во недела да излезе на гласање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This