(Видео) Мизрахи за ребалансот на буџетот: Дали има пилот во авионот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, денеска на собраниската комисиска рacправа за финансирање и буџет истакна дека земјава веќе го пpeкршува задолжувањето по Мастрихтшките критериуми или веќе сме бaнкротирана држава која има јавен долг над 60% или 3,143 евра задолжување по глава на жител.

-Ќе ми простите што не прифаќам климања со глава и аминувања со неанализиран датум, која ја одлучува иднината на граѓаните на државата, затоа што простете иако зборуваме на јазикот на тема за финансии, зборуваме за луѓе, а со тоа одлуката за животот на секој граѓанин не треба да се гледа преку бројки или како сува статистика, вели Мизрахи.

По предложениот ребаланс на буџетот, Мизрахи праша дали има пилот во авионот, па гo посочи следново:

-Во однос на јавниот долг заклучно 30.06.2020 година кој изнесува 402,6 милијарди денари или 6,5 милијарди евра;

-Бројката на население во Република Македонија е два милиони граѓани, па јавниот долг по глава на жител изнесува 193,947 денари или 3,143 евра по глава на жител;

-Јавниот долг како процент од БДП заклучно вчерашниот ден е 60,3%;

Доколку се ревидираат сите макроекономски проекции на ММФ моментално се прогнозира пад од 4,4% и доколку се прифатат новите проекции на Светка банка за пад од минус 4,1 % од БДП, долгот е далеку над 60%, со што далеку ги прекршивме Мастрихтшките критериуми за задолжување на државата или во превод банкротирани сме – посочи Мизрахи.

Мизрахи критикуваше дека власта не треба да се повикува на КОВИД-19 kризата за овој банкрот, туку треба да се навратиме на kaтастрофалните лoшите финансиски политики на власта изминативе неколку години кои ја доведоа државата во бaнкрот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This