April 23, 2024, 11:05 am

(Видео) Милошевски: Изгубените часови наставниците не можат да ги покријат со изборни предмети бидејќи нема гаранција кои предмети ќе ги изберат учениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Борче Милошевски, наставник по историја во скопската гимназија Никола Карев ја изрази својата загриженост за работните места со оглед на тоа што образовнит концепт подразбира спојување на два предмети во еден.

„Меѓу другото голем е бројот на работните места на наставниците тука се опфатени. Голем број од наставниците сосема нормално е да се запрашуваат што ќе се случи со бројот на нивните часови. Овдека гледаме во самиот нацрт концепт којшто беше претставен и којшто е сѐ уште достапен и на страницата на МОН. Нема доволно детали околу тоа. Единствено имаше дискусии, ете и претставници од бирото, поддржувачи на овој концепт коишто во чии дискусии, бевме сведоци пред извесно време и на т.н дебата којашто се одржа во собранието, нели каде што нема детеи околу тоа како ќе се покријат овие часови коишто се менуваат во поглед на предметите (историја и географија, ликовно и музичко). Беше само кажано дека овие часови ќе се покријат со одредени изборни предмети. Меѓутоа нема конкретизирано како. Имаше само паушални изјави од страна на надлежните во Бирото за образование и равој коишто далеку беа од некое објаснување имисслам дека воопшто не ги исполни како одговор очекувањата на оние коишто се најзагнати ситуацијата, а тоа сме ние наставната фела, особено ние во основното образование“, образложи Милошевски.

Милошевски спомна дека на онлајн дискусиите претставници на Бирото за образование и развој ги убедувале наставниците дека изгубените часови ќе се покријат со изборни предмети, иако нема никаква гаранција, ниту контрола кои предмти ќе ги изберат учениците.

Јас бев сведок на одредени дискусии, дебати, онлајн што се водеа со неколку десетици присутни. На една од нив беше присутен и господинот Митко Чешларов како претставник од Бирото за образование и развој. Тој повикуваше наставниците да бидат смирени во однос на тоа прашање бидејќи како што реков предмалку убедуваше би се покриле тие часови kоишто би можеле да ги загубат наставниците. Меѓутоа не кажа по кој механизам би бил сигурен како би бил сигурен наставникот дека учениците токму тие предмети би ги избрале. Тоа се изборни предмети, не можеме ние, како ќе влијаеме на учениците. Тоа ќе биде надвор од кнтрола на еден начин.

Професорите најавуваат протест против укинувањето на историјата, 18.02.2021

Професорите најавуваат протест против укинувањето на историјата, 18.02.2021

Posted by infomax.mk on Thursday, February 18, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This