(Видео) МИЛОШОСКИ ЕКСЛУЗИВНО ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ЗА КОАЛИЦИЈАТА НА ЗАЕВ СО МИЈАЛКОВ И БОМБИТЕ ЗА СДСМ: Вистината за вмешаноста на Заев во peкетот ќе излезе на виделина на еден или друг начин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски отворено му понуди на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски доколку Талат Џафери не дозволи објавување на бомбите за Зоран Заев истото да го стори со објавување на материјалите на нашиот портал.

Тој истакнa дека тоа сепак би сакал да го стори од Собраниската говорница, а недзоволувањето бомбата да се емитува од Собрание говорисамо за демократскиот капацитет на СДСМ и владеачкото мнозинство. Милошоски претпоставува дека власта сака да испровоцира инцидент за да се спречи одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Милошоски за Инфомакс говореше екслузивно за уставните промени, промената на името, коалицијата на Сашо Мијалков, Мукоски Александрова и останатите  со Зоран Заев како и можното одложување на изборите.

-Не е никаква тајна дека Александрова е блиска роднина со Сашо Мијалков. И не е никаква тајна дека самиот поранешен премиер Зоран Заев самиот кажа дека Сашо Мијалков се потрудил вложил труд да обезбеди дел од пратениците да гласаат за уставните измени, вели тој.

Во однос на гласањето за промената на името тој изјави:

-Полицијата и обвинителството тоа што тогаш се случуваше кога дел од СДСМ-овска јавност Крсто, Љубен и Сашо ги нарекуваа терористи, а денес дел од СДСМ-овските активисти Крсто го нарекуваат тендераш, тогаш после настаните од 27 април со полициски комбиња ги носеа секој ден на судница. Оливер Спасовски, полицијата, обвинителството ги земаа од дома со лисици на рацете без да им го одземат пратеничкиот имунитет. Тие од СДСМ тогаш во нив гледаа терористи, а денес пратениците од СДСМ му аплаудираа на Крсто Мукоски, вели Милошоски

 

Тој потенцираше дека кај пратеникот Крсто Мукоски евидентна е грижата на совест бидејќи го даде својот глас за промена на името, а со тоа разочара многу гласачи од Вевчани и Струга кои гласале за него со полна доверба дека ќе ги застапува нивните интереси.

 

Техничката Влада не е Влада со полн капацитет, техничкиот премиер нема полн легитимитет да врши кадровски измени ова е маневарски простор да биде изговор за да не се оди на избори на 12 април, изјави Милошоски во однос на . Рашела Мизрахи ги откри криминалите на Мила Царовска, таблата со Република Македонија е само изговор, а Спасовски не може да предлага разрешување на министри.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/795964500907196/?v=795964500907196

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This