March 29, 2024, 11:18 am

(ВИДЕО) Мисајловски: Во продавницата на моето семејство е фрлена експлозивна направа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски утрово на социјалните мрежи објави видео и соопшти дека утрово околу 3 часот во семејната продавница која ја работи неговото семејството е фрлена експлозивна направа.

Тој алудира дека ова е направено од политичките противници во пресрет на почетокот на кампањата за изборите на 15 јули.

„Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На своевиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017 година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите“,

пишува Мисајловски.

Од власта велат "можеме" , дека сме на "прав пат", и дека било " нормално", но на терен се е поинаку. Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите! Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!

Posted by Vlado Misajlovski on Sunday, June 21, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This