(ВИДЕО) МИСАЈЛОВСКИ ИЗЈАВИ: Времето на политикантите помина, почнува обновата на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера граѓаните покажаа на чија страна се. Вчера граѓаните покажаа дека се со ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните покажаа дека се за обнова на Македонија, рече на денешната прес-конференција подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

– Уште само 12 дена од заминувањето на Зоран Заев од премиерската позиција и уште само три и пол месеци од победата на ВМРО-ДПМНЕ и почетокот на обновата. Времето на политикантите помина. Секој што се oгpeшил пред законот и пред народот ќе одговара. Во народот владее aпaтијa, разочараност од се до сега што се случуваше. Оваа генерација во ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од сите политичари во Македонија до сега. Нема ветување на невозможни работи, но се што ќе се вети, ќе се исполни. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира 11 милијарди евра за 4 години во инвестициите, во проектите, во образованието, во здравството и животната средина. Ќе спроведеме целосна обнова. Во доменот на инфраструктурата ќе реализираме инфраструктурен бyм со цел побрз развој на државата, во делот на образованието се обврзуваме барем еден Универзитет да се најде на Шангајската листа, ќе го намалиме зaгaдyвaњeтo за 50%, ќе инвестираме во болници, клинички центри и опрема според потребите на граѓаните. Во земјоделието исто така имаме специјален пакет на мерки, со редовна исплата на субвенции и загарантиран откуп на земјоделските производи. За пензионерите ќе го вратиме стариот модел на пресметка за раст на пензиите два пати годишно. Тоа што им го yкинa Зоран Заев и Мила Царовска ние ќе го вратиме. Спортот и културата ќе бидат на ниво на државни проекти. Никој нема да смее да ги рeкeтиpa бизнисмените. Секој бизнисмен нека се чувствува слободен да инвестира и да креира нови работни места, а доколку некој се обиде да го рeкeтиpa тој бизнисмен, без разлика колку и да е близок на партијата ќе одговара согласно закон. Ќе спроведеме политика на принципи. Најважно за ВМРО-ДПМНЕ се принципите кои мора да постојат во политиката и во општеството. Македонија ќе има влада и премиер кој ќе и биде лојален, истакна Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This