(Видео) Мисајловски од Куманово: Ние се обврзуваме за проекти, за нова обнова на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на градот Куманово. Тој од таму вели дека пред граѓаните ја претставиле програмата со над 1.000 проекти за наредните четири години.

-ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од сите партии во Македонија, ние се обврзуваме за проекти, за нова обнова на Македонија, додека СДСМ велат дека можат повеќе да работат, јас мислам дека они можат повеќе да kpaдат, да продолжат со митo и кopyпција, затоа ние ќе ја обновиме Македонија со позитивна кампања, вели Мисајловски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ на сите ќе им пружи сигурна иднина.

На средбата беше присутен и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој во својата работна посета ги сaнкционираше сите оние вработени во МВР кои биле дел од партиски кампањи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This