April 20, 2024, 10:31 am

(Видео) МИСТЕРИЈА:! Дали ова во Невада е паркинг за вонземски летала?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тајниот хангар за вонземски бродови бил откриен во планините околу славната Област 51, тврдат теоретичарите на заговори.

Додека ја проверувал активноста во таа тајна локација на американската војска користејќи “Google Earth”, Тајлер Глокнер забележал нешто бизарно скриено во планините на Невада.

Изгледа дека снимката прикажува три отвори внатре во планината.

Тајлер видеото го објавил на својот ЈуТјуб канал “secureteam10”, каде го споредил наодот со тврдењата на еден од најценетите теоретичари на заговори – Боб Лазар.

https://www.youtube.com/watch?v=YVkqJ0sxsnI

Во 1989-та година Боб во изјава за ТВ станица во Лас Вегас тврдел дека на подрачјето 51 се тестираат 9 вселенски бродови. Леталата биле “камуфлирани во скривница внатре во планината” на некогашното езеро Папус – на истата локација со видео-снимката на Тајлер.

Анализирајќи ги своите откритија Тајлер тврди дека видел “три големи отвори на хангари” за кои се верува дека се простираат со километри во земјата. Потоа се споредува со тврдењата на Лазар од крајот на 80-тите години. “Ова многу потсетува на тоа што Боб го опишал. Ако морам да погодувам, мислам дека ова очигледно е некој таен влез во оваа планина”, вели тој.

Видеото од објавувањето на 12-ти декември имал повеќе 29.000 прегледи.

И гледачите го поздравуваат откритието како неверојатно. Еден скептик сепак пишува: “Утре сликите ќе бидат избришани од “Google Earth””.

“Тука има премногу случајности за да се сметаат за случајности”, се наведува во друг коментар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This