(Видео) Митева: Toa штo вo македонското здpaвcтвo oпepиpa лaжeн дoктop, e пocлeдицa нa тoa штo иcтoтo гo вoди нecпocoбeн миниcтep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Што уште треба да се случи за Филипче да си поднесе оставка?!

Откако едни пациенти примаа инфузии во двор, додека други си заминуваат од болниците без органи, сега и лажни доктори прават операции.

Наместо оставка откако лажен гинеколог без соодветна лиценца за работа, извршил кривично дело надрилекарство во болницата во Битола, Филипче продолжува да се слика по прес конференции ветувајќи вакцини кои никако да стигнат. Дали Филипче бил запознаен со овој случај чие дејствие се случило на први јануари 2021 година и дали вешто се обидувал да го премолчи?

Операцијата која е извршена од лажниот гинеколог е доказ за разрушениот здравствен систем. Лажниот гинеколог од битолската болница, не само што влегол во операциона сала, туку извршил и операционен зафат, а при тоа никој не го спречил. Целиот систем на чело со Филипче затаил, а одговорност мора да има по вертикала до Филипче!

На што сé се оставени нашите сограѓани во болниците и дали се безбедни?! Како да бидеме сигурни дека нашите сограѓани се во вистинските раце кога на дневна основа се соочуваме со постапки кои го загрозуваат животот на граѓаните, кога ниеден случај нема разрешница, а министерот не чувствува морална одговорност за ваквите скандалозни постапки?

За да биде ситуацијата уште посериозна, медиумите информираат дека станува збор за поранешен заменик министер, а потоа и национален координатор за здравство во Владата на СДСМ. Дали ова е се што треба да знаеме за кадарот со кој располага СДСМ? 

Почитувани,

Загрижувачки е нивото на безбедност во болниците. Нема протоколи, нема правила, нема безбедносни проверки, нема системи за идентификација. Со Филипче здравствениот систем е руина.

Овој случај не смее да застане само кај одговорните доктори. Оставка мора да има веднаш и од директорката на болницата, но и од самиот Филипче. Тоа што во македонското здравство оперира лажен доктор е последица на тоа што истото го води неспособен министер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This