March 28, 2024, 10:35 pm

(Видео) МИТОВСКИ ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИ ВО МАКЕДОНИЈА: Немаме само пpoблем со медиумите, имаме пpoблем со слободата на мисла и слободата на говор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа ја наметна тезата дека на актуелната власт во Македонија не и одговара нашата држава да стане дел од Европската Унија, со оглед на тоталитарните примеси со кои таа владее.

-Не Христијан Мицкоски, од тоа што можеме да го видиме на тоа не најмногу се радуваа тие што велеа дека другиот се радува. Не баш им одговара на оваа власт која да збориме реално на сите индекси на новинарски слободи континуирано паѓа. На сите индекси на реформи во судство  не нема на такви индекси бидејќи сме по последниот. На сите индекси за демократија за реформи исто така сме позади Уганда, вели тој.

Митовски истакна дека Македонија не само што има проблем со слободата на медуми туку во неа веќе нема слобода на мисла и слобода на говор. Тој потсети дека за прв пат во историјата на нашата држава граѓани беа повикувани на информативни разговори во полициски станици за објавен Фејсбук статус.

-Сакам да дополнам дека тука не се работи само за слобода во медиуми. Во Македонија веќе не постои слобода на мисла, слобода на говор. И тоа сите поголемиот број пати кога се разговара на оваа тема забораваат да го споменат. За прв пат во Македонија луѓе беа повикувани на информаивни разговори во полициски станици добиваа кривични пријави, не само колеги наши туку и обични граѓани за статуси на Фејсбук. И сакате да ми кажете дека тоа е слобода на говор? И ќе го поправам колегата, не е ситуацијата каква што била ситуацијата е значително полоша, додаде тој.

https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/3081340005214471/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This