(Видео) Митовски: Мијалков не само што не ја нaпуштил државата, туку цел ден бил во oбвинителството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на „Тешки муабети“ на Инфомакс, уредникот Александар Митовски откри информации до кои дојде редакцијата во врска со наводното бегство на Сашо Мијалков. Митовски откри дека веројатно епилогот на целата ситуација ќе биде дека Мијалков воопшто не ја напуштил државата, иако имаше таква какофонија во државата тие два дена додека го немаше.

„На крајот по се изгледа, Сашо Мијалков бил на некои си 50тина метри од својот дом во друг стан, но и по се изгледа и по сите информации коишто ги добивме, екс директорот на УБК дента кога се појави пред јавното обвинителство на маичка, а нели не беше топло тигаш, беше ладно, веројатно на крајот ќе се докаже дека тој всушност во обвинителството за организиран криминал и корупција бил практично од некаде претпладнето околу 11ипол часот, за во 16:54 да ја даде изјавата за „24 Вести“, изјава која во 5 и две или три минути беше емитувана во вестите на телевизијата“, открива Митовски.

Митовски додаде дека власта и провладините медиуми направија вистинска какафонија на која наседнаа сите, со цел да ја изманупилира јавноста за да се сокрие вистинската трага на Сашо Мијалков за во меѓувреме на раат да се завршат преговорите во некоја канцеларија.

Во однос на предметот кој обвинителката Ленче Ристовска го отвори во врска со ова, Митовски ја повика истиот да го преиначи од предмет за работни односи во предмет за кривичен прогон.

„Тешки Муабети“ – Епизода 24, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 24, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош МилошевскиТема:Слободна тема и одговори на прашања

Posted by infomax.mk on Sunday, March 21, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This