(Видео) Митовски од Тетово: Модуларната болница немала употребна дозвола, но и покрај тоа, како што гледаме, за жал, од оваа несреќа, се користела активно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистински хаос се случува вечерва во тетовскиот Kлинички центар откако во доцните вечерни часови се случи пожар во ковид центарот овде во Tетово, известува Александар Митовски директно од местото на настанот.

Пред малку пристигна и соопштение од Владата на Република Македонија, во коешто потврдуваат дека бројката на жртви е најмалку десет, а оваа бројка, како што велат, може и да порасне.

Противпожарните и медицинските служби велат од владата рагирале веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот.

„Досега нема информации за причините за пожарот, но според она што неофицијално го дознаваме тука од терен, информациите говорат дека модуларната болница немала употребна дозвола, што значи дека немала дозвола да се користи и да се употребува цела една година. Уште минатата година поради неисправност на електричната инсталација, модуларната болница била одбиена да добие употребната дозвола. Но и покрај тоа, како што гледаме, за жал, од оваа несреќа, се користела активно. Одговорноста, неспорно, паѓа на здравствените власти во оваа ситуација, коишто вечерва одбија да дадат изјави за медиумите. Венко Филипче беше тука, заедно со премиерот имаа Кризен штаб во општината, но одбија да дадат одговор на прашањата на јавноста, извстува Митовски.

Во клиничкиот центар во Тетово присутни се увидни екипи, присутен е јавен обвинител, и силно полициско обезбедување кое што е прилично нервозно, се расправа со новинарите, се расправа со граѓаните, како што можевте да видите пред малку.

„До овој момент ова се информациите кои можам да ви ги кажам. Остануваме во клиничкиот центар во Тетово со нови информации подоцна“, изјави Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This