(Видео) Митовски: Фирми на Заев и негови блиски се финансирани директно од депозитите на граѓаните во Еуростандард Банка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зборувајќи за пропаѓањето на Еуростандард Банка, Александар Митовски во најновата епизода од Тешки муабети на Инфомакс изјави дека покрај оние 49-50 милиони евра дадени во кредити без обезбедување, недостасуваат уште отприлика десетина милиони евра од вкупниот проблем поради којшто еуростандард Бнак е влезена во стечај.

„Тоа се парите кои се испумпани, според она што го кажува Трифун Костовски, испумпани во исто лоши пласмани, лоши кредити во фирмата Прототип која што работи со градежништво, посочи Митовски.

Митовски потсети на изјавата на Трифун Костовски, кој рече дека сите патишта водат кон Комерцијална банка, а дека тој, (Костовски) како претседател на надзорноиот одбор и акционер не знаел дека директорот на кредитирање, Богатиновски пренесувал пари на сметка на Кубус по налог на Илјо Илјовски. Костовски во својата изјава додава дека не се ни познавал со човекот, како и дека од Кубус не знаеле дека е пренесено кај нив, а тоа го дознале од изводот.

Митовски посочи дека дека Илјо Илјовски е сват, односно неговата ќерка е мажена за сопственикот на Прототип. (Илјо Илјовски е директор во Комерцијална Банка).

„И сега тука влегуваме во уште еден проблем со милионски суми на евра, коишто се давани на луѓе поврзани со банката иако банката не смеела тоа да го прави согласно законските норми во Македонија. И НБРМ тоа во ниту еден случај не го забележала. Сите овие компании коишто ги спомна Палевски, особено струмичките, сите до една се компании кои биле гласни оддржувачи на СДСМ и Зоран Заев. Сопственикот на Тритерол, пак, на големо се зборува дека само глуми газда, таму се знае кои се газди, тоа е кланот Заеви. А Тритерол исто така беше и главен превозник на сите минизи на СДСМ за време на сите кампањи и беше вмешана во една афера со нелегален транспорт на нафта и нафтени деривати.“појасни Митовски додавајќи дека не смеат да се заборават ниту оние десетина мииони евра кредити, лоши пласмани на Комерцијална Банка префрлени во Еуростандард Банка во корист на фирмата Прототип, по што Еуростандар пропаѓа, а они си ги ставаат парите во џеб.

„Никому ништо, НБРМ дава стечај на Еуростандард банка наместо да почне било каква истрага за овие милионски суми на и пари и за пари, што е најтрагично, по се изгледа, по сите овие информации што ги имаме, за пари коишто се вадени или давани од депозитите на граѓаните, и во Комерцијална и во Еуростандард банка. Значи влезено е во депозити на резидентно населние за да се финансираат фирми и компании на Зоран Заев и на поддржувачи на СДСМ“, посочува Митовски.

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош Милошевски Тема: Како фирмите на Заев ја турнаа во стечај „Еуростандард“

Posted by infomax.mk on Sunday, March 28, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This