(Видео) Митовски ја пocpaмоти Арифи: Вели дека не бeгa од одговорност, нejзиното обезбедување ја пpeкина изјавата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екипата на Инфомакс до доцните вечерни часови се обидуваше да добие одговор од надлежните институции што вчера навистина се случи во Тетово.

Некаде околу четири часот наутро, пред општината уредникот на Инфомакс, Александар Митовски ја пресретна градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и ја запраша дали ќе понесе одговорност за големата трагедија која го снајде градот со пожарот во модуларната ковид болница во која починаа 14 лица, а 12 лица се тешко повредени.

Откако Теута Арифи се посрамоти и изјави дека одговорноста лежи во институциите без да посочи која таа влезе во својот автомобил и побегна од дополнителни прашања.

-Нема бегање од одговор!

Теута Арифи, не се чувствува одговорна за катастрофата, иако токму таа требала да спречи користење на модуларната болница.

Десетици изгореле, дел од нив и луѓе кои биле во посета на своите ближни. Има неофицијални информации за загината девојка од 24 години. И вие не чувствувате одговорност??

Институциите да си работеле??

Кои институции? Тие што ги претворивте во штабови на ДУИ?

Тие институции што ги превработивте со партиски послушници?

Институциите кои дозволиле да дојде до ваква катастрофа???

Тие институции ли да го дадат одговорот, или да заташкаат одговорност?

Оставка, веднаш, напиша на Фејсбук, Митовски.

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This