(Видео) Мицевски: Власта ја условува опозицијата бидејќи нема парламентарно мнозинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во собранието се случуваше вистинска драма. Претседателот на Собранието Талат Џафери се обиде да подметне гласање по точки од 32.собраниска седница, како услов за гласање на 36. собраниската седница на која треба да се гласа петтиот сет економски мерки.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицеввски, во изјава за Инфомакс посочи дека тие, како пратеничка група се условувани да присуствуваат на 32та седница, иако уште минатата година изјавија дека ќе делува исклучиво институционално.

„Бевме сведоци на еден целодневен театар што се случуваше во собранието. Веќе неколку седници бараме 36тата седница, на којашто се наоѓаат петтиот пакет мерки коишто ги чекаат граѓаните и стопанството, а коишто се недоволни и не се опфатени сите групи и да ги стават на пленарна седница. Иако вчера ни беше кажано дека ова нема да се случи денес, денеска гледавме дека ние сме условувани да дојдеме на седница, на 32тата седница за да ја заврши потоа и 36тата седница. Тоа е надвор од деловникот. Претседателот требаше да констатира дека нема доволно пратеници на 32та седница и да ја продолжи 36тата седница. Очигледно е некој договор, или немаат доволно пари, па сакаат да манипулираат со јавностаи граѓаните и стопанството и наредниов период“, коментираше Мицевски.

Мицевски додаде дека власта нема кворум, и дека опозицијата нема да им го обезбеди, се додека се носат лоши и штетни закони за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој, во интерес на народот се согласи да гласа за петтиот пакет мерки, но власта, веројатно немаше намера истиот денес да биде изгласан.

Не само на оваа 32, туку и на сите други седници, не се усвојуваат амандмани од страна на опозицијата. И се додека оваа опозиција од 44 пратеници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и другите пратеници во вкупен број од 58 не се испочитува, не се сфати улогата на тие пратеници, никогаш нема да имаат кворум за седници. Се вадат на болеста на дредени колеги, јас им посакувам побзро здравување, меѓутоа, денеска фалеа и други пратници. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште миниатат година кажа дека ние институционално ќе делуваме и нема да дозволиме да поминат сите штетни закони. Кворум нема да им правиме на седници. Тоа го знаеја во 2020 година, тоа го знаеа на почетокот на овој ден. Можете да видите дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е тука, очекувавме дека ќе ја стави таа седница денес претседателот на собранието, некако потивко, и пратеничката група на СДСМ се придружи кон тоа да петиот пакет мерки денес не се изгласа. За жал, губат граѓаните, губи економијата, губи стопанството, и ќе останат и ќе се зголемува бројот на невработени во државата“, рече Мицевски во Изјавата за Инфомакс.

Изјавата на пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола МИцевски, мжете да ја проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This