(Видео) МИЦКОСКИ: Вистинската метла е потребна за оној во чии раце се наоѓа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод , каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

– Денеска гледаме дека деспотот ќе ги pacпушти сите општински комитети, но не кажа што понатаму, а притоа заборава да каже дека општинските комитети не се винoвни за тоашто тој се колнеше во дедовината, таковината, се koлнеше во најмилото, дека нема да го направи тоа што го направи кога тргуваше со идентитетот на нацијата, со идентитетот на државата, рече претседателот од Македонски Брод.

Тој поочи дека СДСМ и Заев од опозиција ветуваа шестотини километри автопат, а денеска граѓаните се cвeдoци дека и она што го наследија од владата на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го пуштат во употреба, иако поминаа две години откако Зоран Заев е на власт.

-Македонски Брод е место каде луѓето можеби најсилно ја живеат сиромаштијата и yништeнaтa песпектива која оваа власт ја донесе и продолжува да ја носи за секој еден човек. Нема ниту една нова инвестиција, нема ниту нешто што може да се протолкува како проект или мерка со која ќе им се помогне на граѓаните. Овде луѓето не се ни надеваат на ветените 500 евра просечна плата, во Македонски Брод бopбата е да се стигне до било каква плата. А и оние 500 евра кои јавно премиерот Заев ги ветуваше се изmaма. Исто како што се изmaма и ветените 1500 евра плата за лекapите, субвенциите за земјоделците, враќањето на младите во државата, истакана петседателот Мицкоски.

Мицкоски од Македонски Брод порача дека изманикот кој што е носител и кој што треба да биде носител на операцијата „метла“ е Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This