(Видео) МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собранието дури нема одговорност за приведувањето на пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сè додека нема одговорност за привредувањето на пратениците, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прва средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во белата палата на опозициската партија.

„Имавме конструктивна средба. Господинот Ахмети дојде да ми го честита изборот како лидер на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски. Мицкоски изјави дека како политичка партија се ориентирани за интеграција во ЕУ и НАТО и ќе ги поддржат сите реформи. „Ќе придонесеме и човеки, но и од поинаков капациет“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. „Не дискутиравме за детали“, рече кратко Мицкоски на прашањето за Законот за јазици. Тој изјави дека средбата не била за преговори за овој закон.

Од математичлка и политичка причина не можеме да учествуваме во работата на Парламентот, рече Мицкоски. „Никој засега нема понесено одговорност зошто некој применил таков чекор, односно без да им биде симнат имунитетот пратениците ги привел, ги држел во лисици, ги понижил пред македонската јавност и затоа сè уште немаме никаква одговорност, кога ќе имаме одговорност ќе дискутираме кои ќе бидат нашите идни чекори, рече Мицкоски. „Мора некој да сноси одговорност за тој чин“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This